Жени ширум светот откриваат која е најдобрата и најлошата работа што ја слушнале за своето тело

Реј од Израел, Агуста од Исланд и Ксениа од Русија ќе ви покажат како треба да се сака сопственото тело.

Пишува: ЦрноБело

Ширум светот постојат различни идеали за убавина. Но неколку прекрасни жени докажуваат дека најважно за да блескате е љубовта кон своето тело, без разлика дали имате некој килограм плус или минус.

Тие веруваат во уникатната убавина и разновидноста и порачуваат дека идеалите од модните магазини не треба да ја намалат вашата самодоверба.

Овие жени од различни краеви на светот проговорија отворено за своето тело и несовршеностите:

Реј од Израел

Кога бев млада започнав да посакувам да се сменам себеси. Никој не разбираше зошто сум опседната со телото бидејќи мажите ме посакуваа, а жените ми завидуваа. Но јас сметав дека сум преголема за да вредам нешто во светот и особено за да бидам танчарка. Посакував еден ден да се разбудам помала. Кога моето тело одби да се промени, бев лута. Се чувствувам како да ме издало, го мразев. Дури пред неколку години кога започнав да гледам нови фотографии и поинакви прикази на убавината, полека пронајдов врска базирана на љубов со моето тело. Започнав да работам како плус сајз модел и станав уверена дека општеството треба да се отвори кон различноста во модата и да се прифатиме себеси и другите такви какви што сме. Денес го обожавам своето тело и уживам во комплиментите од другите. Себеприфаќањето ми донесе задоволство и среќа.


Агуста од Исланд

Најдобрата работа што некој ја кажал за моето тело е дека е силно, високо и флексибилно. Најлошата работа што некој ми ја кажал е дека сум дебела и дека сум премногу слаба. Ако имам стомаче ме прашуваат дали сум трудна. Често размислувам како телата на другите жени се менуваат. Понекогаш критикувам, но друг пат навистина сочувствувам кога ќе видам дека друга жена пати поради нејзината тежина. Овие денови барам позитивност и убавина во секоја личност и се фокусирам на тоа.


Ксениа од Русија

Најдобрата работа што ја слушнав за моето тело беше: „Ти си вкусна“, „имаш убави нозе и гради“, „кожата ти е кадифена“. Најлошата беше: „Изгледаш како мајка на многу деца.“ Јас често обрнувам внимание на деталите на телата на другите луѓе и сум заинтересирана за оние на моето. Сметам дека секое тело е уникатно и ја ценам уникатноста. Ја поддржувам нетипичната убавина.

No comments

Powered by Blogger.