Ирма пустоши на Куба, следен е Мајами: Пет милиони луѓе се евакуираат, градоначалникот моли: "Нема да преживеете кога ќе удри ураганот, бегајте сите"

Пишува: Точка

Ураганот Ирма паднал денес на категорија четири, но и натаму е моќна олујата која со голема брзина се приближува до Флорида.

Службениците на таа американска држава очекуваат големо уништување и материјална штета, а во надеж дека ќе го намалат бројот на човечки жртви повикале на итна евакуација. Флорида моментално ја напуштаат половина милион луѓе, а уште толку добиле повик за итна евакуација во Џорџија, следната држава на која Ирма ќе тргне кога ќе ја напуштат Флорида.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот, рекол дека луѓето кои не го напуштиле полуостровот мора веднаш да го направат тоа, во спротивно остануваат на сопствен ризик. Гувернерот ги предупредил оние кои сакаат да останат и покрај опасноста, спасувачките тимови можеби нема да можат да дојдат до нив.
"Нема да преживеете ако дојде до удар. Ни преостанува малку време. Ако сте во зоната предвидена за евакуација мора да го направите тоа. Оваа олуја се заканува со катастрофа каква нашата држава досега не видела", изјавил Скот.

Како што наведува Guardian, на четвртина од популацијата на Флорида и е наложена евакуација, што е околу 5,6 милиони луѓе. На брегот на Џорџија исто така е наредена евакуација на 540.000 луѓе.

Ураганот сега се движи кон Мајами, откако ја погодил Куба и досега ширум Карибите однел 23 животи. Ирма моментално е оддалечена на околу 440 километри југоисточно од Мајами, а според очекувањата на експертите ќе предизвика голеа штета. Се очекува територијата на Флорида да ја мине за 30 часа.
На источниот дел на Куба, Порторико и Доминиканската Република, не се пријавени поголеми штети, како тие на Барбуда или Сент Матрин, каде е уништено 90 проценти од островите. Нема ни податоци за жртви на тие острови, а властите на Барбуда објавиле дека најмладата жртва од ураганот е идентификувана како 2-годишниот Карл Џуниор Френсис.

Ураганот дошол на Куба рано во саботата, со налети на ветер од 260 km/h. Оние кои се нашле на Куба во тој момент ситуацијата ја опишуваат како пеколна.

"На Куба е пекол, ветерот не престанува, а водата веќе дојде до првиот кат на куќата во која се наоѓам. Ние сме добро, но многу други веројатно не се. Низ улиците по кои вчера одев денес тече вода", рекол новинарот на CNN од Куба, Патрик Опман.

Ирма на својот пат веќе уништила неколку помали острови како Барбуда, Сент Мартин и Девствените острови.

Ова е прв пат по неколку децении ураган од таа категорија да ја погоди Куба.

Ова се островите низ кои ураганот веќе минал:

Туркс и Кајкос: Голема материјална штета

Барбуда: 95 проценти од објектите се отштетни. Потврден е еден смртен случај.

Ангвила: Голема штета, едно лице мртво.

Порторико: Повеќе од 6.000 жители во засолништа, 10.000 луѓе без струја. Најмалку 3 лица загинале.

Британски Девствени острови: Големи оштетувања на инфраструктурата, четворица загинати.

Сент Мартин: Најмалку 11 загинати.

Девствени острови: Штета на инфраструктурата, четири лица загинати.

Хаити и Доминиканска Република: Нема штета каква што првенствено се очекувала.



Доаѓа и ураганот Хозе

Непосредно по проаѓањето на Ирма жителите на карипските острови се подготвуваат за доаѓање на новата олуја Хозе, која достигнала брзина на ветерот од 250 километри на час, и така достигнала категорија 5, односно најголема јачина кога станува збор за ураган.

На рутата на Хозе се островите кои Ирма веќе во целост ги уништила - Свети Мартин, Свети Барт, Барбуда, Ангвила.

Речиси целата популација на островот Барбуда, која брои 1.4000 жители, била евакуирана на островот Антигва. Само неколку лица одлучиле да останат на Барбуда.

По разорниот земјотрес, Мексико сега се подготвува за ударот на Катја, кој на западниот брег на таа земја носи силен ветер и поплави. Силниот ветер и јаките дождови го зафатиле брегот северно од градот Теколутла.

Добра вест е тоа што Катја не е ураган од прва категорија, туку тропска олуја.

No comments

Powered by Blogger.