СКУП:Канческа ноќевала во Хилтон, Шератон и Риц, а пазарела во Версаче

Пишува: НОВАТВ


Екс-министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ја користела службената картичка за се и сешто-од набавка на апарат за кафе-Неспресо, преку набавки во „Зара хоме„ во Солун, но, пазарела и во грчката продавница Публик, позната по техничка стока, ЦУМ и Харли Дејвидсон (препознатливи во марката мотори), каде е плаќано во рубли, објави Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

Во анализата Четири илјади и триста евра од личната картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот ланец хотели „Хилтон“ за само еден ден. Но, не од нејзината приватна сметка, туку од сметката на буџетот која ја полнат граѓаните на Република Македонија. „Хилтон“ не бил единствената дестинација на екс-министерката, која била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи. За ноќевање во овие хотели била плаќана сума од 300 евра од вечер.

Картичката се користела за се и сешто-од набавка на апарат за кафе-Неспресо, преку набавки во „Зара хоме„ во Солун, познатиот грчки шопинг центар „Нотос Галериес“, потоа „Балдинини“ во Венеција, Монклер УК ЛТД во Лондон. Но, пазарела и во грчката продавница Публик, позната по техничка стока, потоа во продавници на ЦУМ и Харли Дејвидсон (препознатливи во марката мотори), каде е плаќано во рубли.

Целата анализа на следниот линк.

No comments

Powered by Blogger.