МОН: Учениците нема да ги учат спорните содржини

Related image
Пишува: 24ВЕСТИ

Од Министерството за образование и наука прецизираат дека двата спорни учебника, кои досега се опфатени во процесот на ревизија, нема да бидат дел од наставната програма за новата учебна година.

„Двата учебници нема да се користат во наставата и учениците нема да ги учат спорните содржини. Во меѓувреме професорите ќе продолжат да работат по разработените програми и силабуси” – информираа од министерството.

Станува збор за учебникот по општество за четврто одделение и учебникот по граѓанско образование за осмо одделение, кои предизвикаа бура од реакции во јавноста.
Во меѓувреме, наставната програма со останатите учебници останува иста, се додека не заврши целосната ревизија и не се најде нивна замена.

No comments

Powered by Blogger.