Новинарката не е единствената жртва на Мадсен?: Полицијата открила уште еден случај на распарчена девојка во морето

Пишува: Точка

Убиството на шведската новинарка Ким Вал, чие тело без глава, рака и нога било пронајдено во близина на брегот на островот Амангер, на 50 километри од Копенхаген, е едно од најбизарните убиства во последните неколку години.

Се почнало кога Ким Вал на 10. август во околу 19 часот се сретнала со Петер Мадсен во Рефшален, пристанишен дел на Копенхаген, каде се качила на подморницата "UC3 Nautilus". Станува збор за подморница која Мадсен сам ја направил, најголема приватна подморница на светот, тешка 40 тони, а парите за нејзина изградба ги собрал во 2008. година. Мадсен е ексцентричен дански пронаоѓач, иноватор и милионер, кој зад себе има неколку значајни научни проекти.

Ким Вал последен пат била видена жива тој ден кога се качила на подморницата, во околу 20:30 часот, кога патник од друг брод кој минувал покрај нив ги фотографирал Ким и Мадсен додека стоеле на контролната кула на подморницата. Што се случило после тоа веројатно никогаш нема да се дознае, бидејќи Мадсен, кој е обвинет за убиство, веќе два пати ја променил својата приказна.
Нејзиното исчезнување го пријавило нејзиното момче, бидејќи не се вратила дома на 11. август. Подморницата немала опрема за сателитско следење, па поради тоа спасувачките тимови со часови барале каде се наоѓа истата. Во петокот во околу 10:30 часот подморницата прв пат била забележана кај светилникот во Оресунд, помеѓу Данска и Шведска. Спасувачкиот тим конечно воспоставил контакт со Мадсен, но половина час подоцна, во околу 11.00 часот подморницата потонала, а Мадсен бил спасен. Ким, меѓутоа, не била на подморницата.

Мадсен на полицајците им рекол дека на подморницата се случила несреќа во која Ким загинала, и дека нејзиното тело го фрлил во морето на 50 километри јужно од Копенхаген. Никакви детали за несреќата на подморницата не се објавени. Меѓутоа, самото спасување на Мадсен било бизарна сцена. Кога го пронашле, Мадсен се смеел од среќа бидејќи бил пронајден, и само рекол дека подморницата потонала, без да ја спомне новинарката. Покрај спасувачкиот тим имало и камери од локална телевизија, и тие го прашале дали знае нешто за Ким вал.
"Имате ли некакви податоци за нејзините контакти", го прашале тие.

"Во мојот телефон на дното на океанот", одговорил Мадсен. "Па, го знаете ли нејзиното име?", продолжиле да го испрашуваат. "Само дека се вика Ким. Не ги проверувам новинарите, тие се јавуваат и прашуваат дали може да ме интервјуираат", одговорил Мадсен.

Три дена по спасувањето на Мадсен, на 14. август, полицијата во Копенхаген соопштила дека по истрагата дошле до заклучок дека подморницата била намерно потопена. Што точно се случило со Ким е нејасно, а минале цели 13 дена додека официјално не била објавена нејзината смрт. И додека вистината за смртта на новинарката не е позната, во меѓувреме било објавено страшни детали поврзани со нејзината смрт. Имено, на 21. август јужно од Копенхаген, велосипедист го пронашол нејзиното тело, без рака, нога и глава, а полицијата утврдила дека екстремитетите се намерно отсечени.

Два дена подоцна полицијата со ДНК анализа потврдила дека станува збор за остатоците на Ким, па објавиле дека нејзината крв била пронајдена во потопената подморница. За торзото било врзано и парче железо, а било и забодено неколку пати со нож или слечен предмет.

Адвокатот на Мадсен, Бетина Халд Енгмарк, изјавила дека нејзиниот клиент не ја признава вината. Мадсен два пати ја менувал приказната. Според првата верзија Ким Вал на 10. август во 22:30 часот ја одвел во ресторанот Халвандет, кој се наоѓал во близина на местото на кое се нашле тој ден. Сопственикот на ресторанот, Бо Петерсен, рекол дека местото е добро покриено со камери, па снимките ги предал во полиција. Полицијата не објавила што има на снимките, но затоа откриле дека откако ги прегледале, Мадсен ја променил својата приказна.

Мадсен овој пат открил дека нејзиното тело по несреќата го фрлил во море. И полицијата и семејството бараат одговори на многу прашања, а шведската и данската полиција ги повикале сите што патувале со подморницата на Мадсен да се јават и да кажат што доживеале.

Овој случај ја натерал данската полиција да го отвори нерешениот случај со јапонската студентка Казуко Тојонге. Тоа е случај од 1986. година. Нејзиното тело исто така било пронајдено во водите во близина на Копенхаген, еден месец откако исчезнала. Никогаш не се дознало што се случило со неа. Имено, нејзиниот леш би пронајден распарчен на неколку локации во морето, а полицијата сега бара можна врска помеѓу овие два случаи.

Оние кои работеле со Мадсен го опишуваат како личност со која е тешко да се работи и соработува. Последните години покажувал и знаци на благо лудило. Пред две години се скарал со волонтерите кои му помагале да ја изгради подморницата и им пратил пораки со чудна содржина.

"Наутилус е проколната. Тоа проклетство сум јас и на Наутилус нема да има мир додека сум јас жив", напишал тој. Сакал да и експериментира со разни сексуални фетиши.

No comments

Powered by Blogger.