Арогантниот тајкун Кендимен објави експлицитни фотографии на кои позира со својата гола сопруга и уште две љубовнички!


Пишува: Точка

И што е уште полошо... сите му завидуваат.

Еве за што станува збор...

Поранешниот австралиски рагби играч и магнат, Траверс Бејнон, не престанува да ги шокира интернет корисниците, првенствено на социјалната мрежа Инстаграм - каде со своите фотографии им дава повод за пишување и на светските медиуми. Тој објави фотографија од себе со три, атрактивни, голи жени во кревет, наредени една до друга - од кои едната му е сопруга, а другите две негови љубовнички.

Овој "Gold Coast" могул на Инстаграм е потпишан - "Candy Shop Mansion" и секојдневно споделува фотографии од својот раскошен и луксузен живот, со доза надменост.

Себе се доживува како Candyman, а својата вила, која потсетува на Плејбој царството на Хефнер - Candy shop Mansion.
 
Покрај секси задниците и женските гради насекаде, ќе ги забележите и неговите прескапи автомобили, ентериерот, базените ...Овој двојник на Инстаграм кралот - Дан Билзериан, роден во 1972-ра година во Мелбурн, а покрај спортот се занимава и со компанија за производство на цигари.Тој од 2011-та година е оженет со Таеша Бејнон, а во својата вила живее и со девојката Ниша и своите четири деца.


"Никогаш не лежам во кревет со помалце од три до четири жени. И ретко кога спијам, повеќе сакам да менувам пози и да ги задоволувам жените", го опишал Бејнон својот живот.

"Секогаш има и други жени, некогаш живее со нас неколку недели па си оди. Погледнете му ги профилите на социјалните мрежи, ќе видите дека девојките се фрлаат по него. Мене тоа не ми пречи, јас сум му сопругата. Тој има купишта девојки, но само една жена", изјавила сопругата на Кендимен, Таеша.

No comments

Powered by Blogger.