Полициска бруталност ја шокираше Америка: Уапсиле медицинска сестра како најголем криминалец бидејќи ја вршела својата работа

Пишува: Точка

Полицијата во американската држава Јута отворила истрага откако била објавена видео снимка на која се гледа како полицаец насилно апси медицинска сестра, бидејќи одбила, за потребите на полицијата, извадила крв од пациент во несвесна состојба, при што таа според протокол не смеела да земе крв од споменатиот пациент.

Најмалку двајца полицајци, меѓу кои и тој што се гледа на снимката, биле суспендирани додека не се заврши истрагата, соопштила полицијата, пренесува AFP.

До инцидентот дошло кон крајот на јули, но дури во четвртокот снимките дошле до јавноста.

На снимките од полициските камери и надзорните камери од Универзитетската болница во Солт Лејк Сити, се гледа како медицинска сестра Алекс Ваблс вриска и бара помош, додека со лисици на рацете, со сила ја изведуваат од медицинскиот центар.

Таа била задржана во полициското возило околу 20 минути, а била пуштена дури откако реагирал административниот персонал, изјавила портпаролката на болницата, Сузан Винчестер.

Винчестер за француската агенција рекла дека примероците од крвта може да им се предадат на полицајците само ако пациентот го прифати тоа, ако е уапсен или ако по него е издадена потерница.

"Ниеден од тие услови не беше задоволен", рекла таа, додавајќи дека Ваблс го испочитувала протоколот.

Според нејзините зборови, овој инцидент, кој се случил на 26. јули, е прилично невообичаен, а персоналот бил шокиран и вознемирен.

Видео-снимката била објавена во четвртокот, на прес-конференцијата која ја одржала Ваблс.

Медицинската сестра им рекла на новинарите дека се чувствувала изневерено и гневно поради однесувањето на полицијата во моментот кога сакала само да го заштити пациентот. Додала дека градоначалникот и началникот на полицијата лично и се извиниле поради однесувањето на полицајците.

"Огромната поддршка која ми беше пружена ги надмина моите очекувања. Градот го сфати сериозно овој инцидент и верувам дека ќе дојде до позитивни промени", заклучила таа.

No comments

Powered by Blogger.