Падна прстен: Хари ја запросил прекрасната американска актерка на неверојатен начин

Пишува: Точка

По година и пол врска, британскиот принц, 32-годишниот Хари, наводно ја запросил својата девојка, 35-годишната Меган Маркл.

Американската актерка ја одвел на романтично патување во Боцвана за нејзиниот роденден, а наводно повеќе не сакал да чека и го поставил големото прашање.



Наместо прстен, принцот својата избраничка ја запросил со традиционална Зулу свршеничка алка, со знак кој симболизира брак и заедништво.


Ако е тоа вистина, значи дека Хари тргнал по стапките на постариот брат Вилијам, кој ја запросил Кејт Мидлтон во Кенија во 2010. година.



Ако се Хари и Меган свршени, за официјална потврда и објава на веридбата ќе мора да почекаме. Имено, за да можат да се венчаат, нивниот брак мора и официјално да го одобри кралицата Елизабета Втора. Наводно принцот порачал да се изработи сврешнички прстен од накитот на својата покојна мајка, принцезата Дајана, а сака и венчавката да се случи што побрзо.



Иако е правило на кралското семејство од веридбата до венчавката да минат барем две години, Хари многу сака на неговата свадба да присуствуваат неговите баба и дедо, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, па венчавката би можела да се случи идната.

No comments

Powered by Blogger.