Цел автобус само молчел и го гледал хоророт: Тинејџери се обиделе да силуваат болна девојка, ја навредувале и ѝ ја кинеле облеката

Пишува: Точка

Поради нападот биле уапсени шест тинејџери на возраст од 15 до 17 години, а истрагата против нив е во тек.

На социјалните мрежи била објавена снимка од обид за групно силување на болна девојка во Мароко, во автобус полн со луѓе, од кои никој не реагирал.

Снимката од нападот кој се случил на 18. август во Казабланка, поради потресната содржина е отстранета од интернет. Ја прикажува 24-годишната жртва со ментален инвалидитет како плаче и моли за помош, додека група тинејџери ја кинат нејзината облека, ја навредуваат и сексуално ја злоставуваат.

Никој од патниците не сакал да ѝ помогне на жртвата во текот на инцидентот, додека на самиот крај еден глас не викнал "да се тргнат од девојката". Поради нападот во понеделникот уапсени биле шест тинејџери на возраст од 15 до 17 години, а истрагата против нив е во тек.

Поради овој напад ширум земјата се организирани протести на кои е укажано на фактот дека во оваа земја има се повеќе случаи на силување и дека треба да се бара итно решение.

Некои од жителите на Мароко по нападот ја осудиле девојката, тврдејќи дека е "самата виновна што влегла во автобус полн со мажи".

Други луѓе ги осудиле луѓето кои не помогнале и изјавиле дека се исти како и "силувачите".

"Младата жена е жртва на сексуално злоставување во автобус во Мароко. Никој не интервенирал. Што се случува со луѓето? Варварство", објавил еден корисник на Твитер.

Многумина предупредиле дека силувањето и обвинувањето на жените се големи проблеми во Мароко. Според една национална анкета, речиси две третини од Мароканките претрпеле сексуално, физичко или психолошко злоставување.

No comments

Powered by Blogger.