Морничави сцени после терористичкиот напад: Ужас на улиците на Барселона

Пишува: Точка

Потресни видео снимки пристигнуваат од Барселона каде што вчера беше изведен терористички напад за кој што одговорноста ја превзеде Исламската држава.

Според последните информации, 13 лица загинале, а над 50 се повредени откако комбе влетало на пешачка патека на популарната улица Ла Рамбла и започнало да ги гази случајните минувачи.

Исламската држава ја превзеде одговорноста за смртоносниот напад, објавија од нивното гласило Амак од каде што беше соопштено: „Напаѓачите во Барселона се војници на Исламската држава и тие ја извршија операцијата“.

Додека истрагата е во тек и повеќе информации околу напаѓачите и конкретната бројка на настраданите се очекува да пристигне во текот на овој ден, од Барселона пристигнуваат видеа кои што го прикажуваат хоророт после терористичкиот напад.

Предупредуваме: Видеото има исклучително вознемирувачка содржина.

No comments

Powered by Blogger.