Конечно откриен Неаполис – староримскиот град кој бил потопен од цунами

Пишува: Точка

Големата староримска населба, стара 1700 години е откриена во близина на брегот на Тунис по седумгодишна археолошка потрага.

Се верува дека градот Неаполис бил потопен од цунами, за кој пишувал римскиот војник и историчар Амијан Марселин. Оваа природна катастрофа нанела голема штета и врз Александрија и Крит.

За овој град има многу малку записи, со тоа што во Третата пунска војна помеѓу Рим и Картагина, Неаполис бил на Картагинската страна. Војната траела од 149. до 146. п.н.е. и завршила со рушење на Картагина и потпаѓање на нејзината територија под водство на Рим.

Весникот “Independent” пишува дека туниско-италијанскиот археолошки тим барал докази за постоењето на Неаполис од 2010. година. Нивниот труд се исплател ова лето, со што нуркачите пронашле повеќе од 20 хектари на таа локација, првпат по толку векови.

“Ова е огромно откритие”, вели водичот на мисијата, Минур Фантар. Археолозите не пронашле само улици и споменици кои го покажуваат богатството и културата на градот, туку и 100 резервоари за производство на гарум – деликатесен десерт од риба.

Картагинската цивилизација ја основале Феникијците во 9. век пред новата ера на територијата на денешен Тунис. Таа се развила во голема трговска импресија, но ослабнала во текот на трите војни против Римјаните, кои најпосле и ја уништиле.

No comments

Powered by Blogger.