Шарли Ебдо шокирал со карикатурата: Вака француските сатиричари го гледаат нападот во Барселона


Пишува: Точка

Францускиот сатиричен неделник "Charlie Hebdo" објавил карикатура на која го претставил своето гледиште на терористичкиот напад во Барселона.

На карикатурата има бело комбе со уништена хауба, а покрај него има тореадор. На цртежот, објавен на сајтот на списанието, тореадорот се држи за глава и држи црвена ткаенина во раката.

Во гумите и на кровот на автомобилот има забодено мечови, што е оружјето на учесниците во коридата.
Коментарот покрај карикатурата е: "Барселона: Безбедноста повторно доведена во прашање".

Минатиот четврток, во напад со комбе, во Барселона биле убиени 15 луѓе, а 130 биле повредени.

No comments

Powered by Blogger.