Путин предложува решение за Северна Кореја: Ова што го правевте досега е безнадежно

Пишува: Точка

Ситуацијата на Корејскиот полуостров се влошува и се балансира на работ на голем конфликт, проблемите треба да се решаваат со дијалог без предуслови, изјавил претседателот на Русија, Владимир Путин.

"Не можам да ја игнорирам ситуацијата на Корејскиот полуостров која во последно се време се заостри и се балансира на раб на голем судир. Русија смета дека мислењето дека е можно да се сопре севернокорејскиот ракетен нуклеарен програм исклучиво со протисок на Пјонјанг е погрешно и безнадежно", напишал рускиот лидер во својата статија објавена во водечките медиуми во земјата.

Покрај тоа, Путин нагласил дека проблемот треба да се решава со дијалог и без провокации и притисоци.

"Неопходно е проблемите во регионот да се решаваат преку директен дијалог на сите заинтересирани страни без воведување на предуслови. Провокации, притисоци, воена и навредлива реторика се пат кој не води никаде", истакнал Путин.

Русија повикува да се продолжи со формирање на широк противтерористички фронт на општоприфатена меѓународно правна основа со централна улога на ОН, и да се продолжи борбата против терористите во Сирија и другите земји, додал Путин.



Во својот текст пред учеството на самитот "BRICS", Путин исто така нагласил дека, благодарение на Русија и другите заинтересирани земји, во последно време се создадени предуслови за подобрување на ситуацијата во Сирија.

Тој нагласил дека е "очигледно дека само со обединување на напорите на сите земји може да се обезбеди стабилност на планетата и да се најдат начини за решвања на острите судири, вклучувајќи ги и тие на Блискиот исток".



Рускиот лидер исто така високо ја оценил работата на Кина како претседавач на државите "BRICS" оваа година, што, според зборовите на Путин, овозможило да се постигне сериозен напредок во сите клучни области на партнерството - политичко, економско и хуманитарно.

"Ќе додадам и дека петорката прилично ја зацврсти својата позиција во светот", рекол Путин.

Рускиот претседател зборувал и за темата интернационална безбедност. Тој предложува земјите од "BRICS" да развијат универзални правила во областа на меѓународните информации за безбедност и да направат меѓувладин договор, пишува Путин во текстот "BRICS - кон новите хоризонти на стратешко партнерство".



"Предложуваме заеднички да се формира меѓународно-правна основа за соработка и во иднина да се развијат и усвојат универзални правила за одговорно однесување на државата во оваа област", нагласил рускиот лидер.

"Важен чекор би можело да биде заклучување на меѓувладин договор на "BRICS" за меѓународна информациска безбедност", рекол тој.

Претседателот на Русија додал дека неговата земја дополнително се заложува за соработка на земјите "BRICS" во областа на глобалната информациска безбедност.

No comments

Powered by Blogger.