Полицијата потврди, нападот во Барселона е терористички

Police officers tell members of the public to leave the scene in Barcelona on Thursday.
Пишува: НОВА ТВ

Од Министерството за внатрешни, информираат дека има мртви и повредени, во нападот кој се случи попладнево во Барселона. Потврдена е смртта на едно лице, а повредени се 32, од кои 10 сериозно.

Безбедносните служби ги дистанцираат луѓето подалеку од областа околу Плаза Каталуња. Извори од локалните власти шпекулираат дека има најмалку двајца мртви.

Претседателот на Владата на Каталонија, Карлес Пуждемон, преку Твитер повика на максимална внимателност.

Властите се во потрага по второ комбе кое би можело да нападне.

Возачот на комбето избегал од местото веднаш по настанот. Тамошните медиуми јавуваат дека возачот на комбето бил облечен во бела облека со сини линии.

Таксист кој бил присутен на местото на несреќата вели дека комбето возело со голема брзина и ги газело сите на кои налетало.

Лас Рамблас, местото каде што се случи нападот е централен булевар во должина од 1.2 километри кој поминува низ центарот на Барселона. Булеварот е популарен меѓу туристите поради неговите пазари со тезги, барови и ресторани.

Поради нападот целиот јавен транспорт во областа е во прекин.

Длабока жалост за настанот изрази фудбалскиот клуб Барселона, преку Твитер. „Сите наши мисли се со жртвите, нивните семејства и луѓето во Барселона“, пишува на официјалниот профил на фудбалскиот клуб.

No comments

Powered by Blogger.