Тајните оружја на Путин: Како Русија ја искористи Сирија за тестирање на својата воена моќ

Пишува: Точка

Русија може, како што вели рускиот претседател Владимир Путин, да се спротистави на било кој агресор.

Како што велат експертите, Русите се уверени во својата воена моќ пред се поради своите напредни ракетни системи, иако генерално заостануваат зад американската армија. Сепак, Русите работат напорно за колку-толку да се приближат до Американците, па најавено е модернизирање на нуклеарниот арсенал, а веќе заполовија и неколку нови подморници.

„Се усовршуваат и крстосувачките ракети кои што ги користи стратешката авијација и тие во случај на потреба, можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави“, изјави воениот експерт Алексеј Леонков за руските медиуми.

Тој откри дека практично сите руски граници се покриени со новите радарски станици „Вороњеж-Д“ и „Вороњеж-СМ“ кои на максимална оддалеченост од шест илјади километри можат да детектираат било какво средство кое што се подготвува за воздушен напад на Русија.




Меѓутоа, има и проекти на ново оружје кои што и натаму ја носат ознаката „тајно“ и за нив се говори малку во јавноста, истакнува експертот од Центарот за воено-политичко новинарство, Борис Рожин.

Тој ги споменува беспилотните летала, пред се оние кои што се наменети за извиднички мисии, но и офанзивните дронови. Овие дронови сега руската армија ги користи во Сирија, односно Русија ја користи граѓанската војна во Сирија за да ги тестира своите оружја, да ги утврди сите евентуални недостатоци и истите да бидат усовршени.

Рожин додава дека во исти услови се извршуваат тестирања на опрема за електронско извидништво и против-електронско дејство.

„Конкретно, станува збор за надгледување на странските летала. Се проверува дали руската опрема е во можност да ги пресретне американските и израелските дронови. Ваквата опрема постои во руската армија уште од конфликтот во Грузија во 2008-ма година, но дури сега се тестира во Сирија во пракса. Сега на терен се одмерува силата со опремата која што ја поседува НАТО, како и со опремата со која што располагаат другите потенцијални противници на Русија“.




Според него, во Сирија моментално се врши тестирање на најразлични системи, меѓу кои и системите за детектирање на мини кои што се од руско производство.

„После ослободувањето на Палмира, во околината на градот и по предградијата, се вршеше тестирање на руската опрема. Новата технологија овозможува со што помал број на луѓе, да се исчисти од мини што е можно поголема територија. Воените фабрики кои што се занимаваат со конструирање и производство на системи за пронаоѓање на против-тенковски мини испратија свои експерти на терен за да ја надгледуваат употребата на новите технолошки достигнувања“, изјави Рожин.

Станува збор за проект за модернизација на реактивните оклопи, односно усовршување на динамичната заштита на оклопните возила. Тоа што сега ја карактеризира новата опрема од ваков тип се специјалните уреди кои што го штитат возилото од напад со крстосувачки ракети.

Рожин истакна дека се модернизираат и стратешките ракетни нуклеарни подморници. Конкретно, станува збор за намалување на бучавата со цел на непријателот да му биде потешко да ја лоцира подморницата, потоа се работи на зголемување на комфорот на екипажот и јакнење на офанзивните карактеристики.

No comments

Powered by Blogger.