Северна Кореја испука балистички проектил, итен состанок на СБ на ОН

Пишува: Точка

Северна Кореја испука балистичка ракета која прелетала преку северниот дел на Јапонија, соопшти јапонската влада. Агенцијата Ројтерс објави дека ракетата се распадната на три дела и паднала во водите кај островот Хокаидо.

Пјонгјанг ракетата ја лансирал во вторник, во раните утрински часови според локално време.

Јапонската војска не се обидела да ја собори ракетата која ја прелетала територијата на Јапонија околу шест часот според локално време.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе рекол дека владата ќе ги преземе сите мерки за да го заштити јапонскиот народ.

Лансирањето на ракетата го потврди и Пентагон и нагласи дека таа не преставувала опасност за Северна Америка.

„Можеме да потврдиме дека ракетата која ја испука Северна Кореја прелета преку јапонска територија“, им рекол на новинарите портпаролот на Пентагон Роберт Менинг.

Веднаш по испукувањето на проектилот јапонскиот премиер Абе имал телевонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Агенцијата АП објави дека разговорот траел околку 40 минути и дека двајцата лидери се заложиле да се зголеми притисокот врз Пјонгјанг и дека е неопходен итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Трамп реко, дека САД се „100 отсто со Јапонија“, додека Абе навел дека позициите на Јапонија и САД по ова прашање се идентични.

No comments

Powered by Blogger.