Пекол во Грција: Пожар голтал цело село, уништени куќи, луѓе бегале од своите домови

Пишува: Точка

На телевизиските снимки се гледаат стотина жители како ја напуштаат таа област и одат кон плажата, каде ја минале ноќта.

Пожарот кој избил во едно село во близина на Атина, уништил неколку куќи и го принудил локалното население да ги напушти своите домови, соопштиле денес службениците.
 
Во гасењето на пожарот, кој избил во Каламос, приморско село на 45 километри од грчката престолнина, учествуваат повеќе од 150 пожарникари со 50 возила и три хеликоптери за гасење на пожари, пренесува Reuters.



Претставникот на пожарната бригада рекол дека нема податоци за повредени, но дека многу куќи се оштетени. 



На телевизиските сники се гледаат стотина жители како ја напуштаат таа област и одат на плажата, каде ја минале ноќта.



Како што се наведува, грчките власти, од претпазливост, наредиле евакуација на два кампа за млади кои се наоѓаат во таа област.



Причината за пожарот засега е непозната.

No comments

Powered by Blogger.