Фотографија од Тексас што го обиколи светот

Пишува: Точка

Старскиот дом “ Ла вита бела“ во Диксон е евакуиран откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледаат неподвижни луѓе целосно во вода. Како што пренесува Би-би-си, водата за 15 минути дошла до половина. Од домот за стари лица се евакуирани 18 лица.

Најмалку две лица загинаа во силниот ураган „Харви“ кој ја зафати сојузната американска држава Тексас. Жена загинала во поплавите, а маж во пожар во својот дом во градот Рокпорт во екот на невремето.

Би-би-си наведува дека според некои извори бројот на жртвите се искачил на 5, но ваквата информација сè уште не е потврдена.

1.000 лица се евакуирани од Хјустон, околу 30 лица се повредени и хоспитализирани, а уште околу 40 лица се сметаат за исчезнати.

No comments

Powered by Blogger.