Видео: Експеримент - Што се случува кога ќе ги затворите очите и слушате музика?

Пишува: Точка

И покрај зафатениот распоред и напорните обврски, време за себе и за релаксација мора да пронајдете. Музиката е добар избор за да се опуштите и да го одморите мозокт од секојдневната бучава.

Во денешно време мултитаскингот е доста корисна опција и гледаме се повеќе да ја практикуваме. Тоа го правиме бидејќи сакаме да бидеме поефикасни колку што можеме повеќе и не сакаме да пропуштиме ништо во ова малку време кое го поседуваме.

Но, всушност пропуштаме многу работи и моменти од нашиот живот, а тоа не можеме да го заприметеме бидејќи сме се повеќе зафатени. Времето брзо проаѓа, стануваме се поактивни со користењето на технологијата, користиме брзи онлајн разговори, стикери и кратенки. Со ова ние се исклучуваме и самите себе. Кога слушаме песни, ние вушност само ја приметуваме мелодијата, а не обрнуваме внимание за текстот и што се пее во песните. Следниот експеримент ќе ви покаже колку е кул да ги затворите очите и да слушате музика. Ова ќе ви покаже дека имаме време за се и дека од време на време треба да ја слушаме музиката која ја сакаме и потполно да се опуштиме со неа. Само на кратко. Така нашиот мозок нема да има креативни граници.

No comments

Powered by Blogger.