Терористички напад на Москва бил планиран за првиот училишен ден! Русите уапсиле двајца џихадисти кои сакале да го разнесат градот!

Пишува: Точка

ФСБ соопштила дека привела двајца члена на ИСИС кои подготвувале напад на 1. септември.

Двајцата осомничени напаѓачи од Централна Азија биле уапсени во Русија бидејќи планирале терористички напад на Москва и регионот на 1. септември, соопштиле тамошните медиуми.



"Еден од приведените на интернет објави своја видео-порака до членовите на Исламската држава. Во своето обраќање тој даде заклетва за верност на терористите. Во неговиот телефон се пронајдени контакти со регрути од оваа организација и упаства за планираното злосторство", стои во соопштението, пренесува Sputnjik.



Руските безбедносни служби ги задржале двајцата џихадисти во притвор. Тие подготвувале напади на првиот ден од училишната година. Еден од терориститеимал намера да се крене во воздух, а другиот да напаѓа луѓе со нож.



"Многу силната импровизирана експлозивна направа, како и делови за нејзино правање, се пронајдени во станот во кој престојувал уапсениот", навела службата за безбедност, без да наведе кога и каде се случило апсењето.


Вторниот уапсен наводно планирал да напаѓа со нож.



"Еден од уапсените поставил видео според кое е поврзан со ИСИС. Контакти со регрутирани терористи, како и инструкции за напад, се пронајдени на неговиот мобилен телефон", било соопштено од ФСБ.

No comments

Powered by Blogger.