Хороскопските знаци рангирани од најсамоуверени до најнесигурни

Секој хороскопски знак е приказна сама за себе, без разлика за што се работи.



А, кога станува збор за самодоверба, тие се поделени.

Некои од нив се ценат себеси и не се плашат да ги изразат своите стравови, а други пак се повлечени и имаат проблеми со самодовербата.

Од најсамоуверени, па сѐ до најнесигурни, погледнете ја листата на знаците и дознајте на кое место е вашиот хороскопски знак:

1. Лав

Лавовите зрачат со самодоверба. Тие мислат дека никогаш не грешат. Ако некој зборува лошо со нив и не ги почитува, тие си заминуваат. Лавовите знаат дека заслужуваат само најдобро. Не се сложуваат на ништо помалку од најдоброто кога станува збор за пријателство, врски, кариера, облека – или едноставно, сѐ.

2. Скорпија

Скорпиите знаат дека имаат некои недостатоци, но во најголем дел тие си се допаѓаат. Им се допаѓа нивниот карактер. Го сакаат животот кој си го создале. Среќни се со тоа што се и иако имаат неколку лоши навики, Скорпиите не мислат дека се толку ужасни, за да мора да се променат.

3. Јарец

Не е дека Јарците мислат дека се најдобри, туку едноставно не им е грижа што другите мислат за нив. Тие веќе знаат дека се интелигентни, талентирани и имаат добра душа. Па, кому му е грижа дали некој друг го знае тоа? јарците се осаменици, па ако никој не ја гледа нивната совршеност, не им менува многу.

4. Стрелец

Овој знак е премногу самоуверен за да може да прифати критика и да научи од грешките. И ако некој се обиде да ги навреди Стрелците, тие мислат дека тоа повеќе кажува за таа личност отколку за нив. Никогаш не дозволуваат злобните луѓе да им застанат на патот. Единственото време кога мислат на овие луѓе, е она кога им се смеат на нивната глупавост.

5. Риби

Рибите добро се вклопуваат со други луѓе. Тие можат да се истакнат од другите и да одржат говор и лесно може да стекнат нови пријатели сами. Но, имаат моменти на несигурност кога се сами. Кога гледаат во огледало, избирајќи го изгледот. Кога е доцна навечер, а нивните мисли не се смируваат. Кога се целосно сами – тогаш се чувствуваат несигурно.

6. Овен

Од страна, луѓето во овој знак изгледаат како никој да не може да ги повреди. Како да иамат челична кожа. Но, Овните се многу чувствителни, само не дозволуваат другите да го видат тоа. Кога се вознемирени, тие го кријат тоа со шеги и сарказам. Не сакаат да бидат видени како слаби, па глумат дека не им е гајле за никој и ништо – што е голема лага.

7. Бик

Сѐ што Биковите сакаат да докажат е дека се паметни, бидејќи тоа им е најважно. Тие се прават попаметни од што навистина се. Понекогаш може и да се обидат да ве воодушеват со преувеличување на вистината. Едноставно, сакаат да се докажат. Да му покажат на светот дека тие се на нивниот пат кон успехот.

8. Вага

Вагите имаат потреба од одобрувањето на другите за да се чувствуваат добро во својата кожа. Тие ќе зборуваат лошо за себе само за да дочекаат пријателите да го негираат тоа и да кажат дека се прекрасни. Вагите ќе посетат онлајн сајтови за состаноци дури и кога не сакаат да запознаат некого, само за да видат дали ќе има заинтересирани за нив. Сакаат да бидат сигурни дека има луѓе на кои им се привлечни.

9. Близнаци

Близнаците им се умилкуваат на луѓето околу нив, бидејќи сакаат да ги импресионираат пријателите, шефовите и симпатиите. Тие сакаат на сите да им се допаднат. Па, ако излажат дека сакаат некој бенд или филм, тоа не е само затоа што не се искрени. Тоа е бидејќи Близнаците се многу несигурни за да бидат свои.

10. Рак

За повеќето Ракови се вели дека тие се грижат премногу. А, поради тоа, тие се емотивни и за најмалите работи. Кога некој ќе откаже план во последен момент. Кога некој ќе го повиши гласот во кавга. Кога некој не сака да ги послуша за нешто. Тие сфаќаат сѐ лично. И лесно може да бидат повредени.

11. Водолија

Водолиите се трудат многу за да изгледа како нивниот живот да е лесен. Тие прават совршени слики. Постираат совршени описи. Создаваат совршен Инстаграм профил. Го користат интернетот за да го покажат гламурозниот живот – што во реалноста и не е баш најсјаен. Тие не се среќни со тоа што го имаат, па сакаат да прават да изгледа подобро од што е. Тоа е нивниот најдобар начин да се чувствуваат самоуверено.

12. Девица

Девиците се плашат дека ќе изгледаат глупаво ако кажат нешто погрешно, а тоа е причината поради која мразат јавни говори и први состаноци и во целост, интеракција со луѓе. Тие брзо се засрамуваат бидејќи премногу размислуваат. Дури и ако сѐ помине во добар ред, тие си ги враќаат настаните во глава повторно и повторно, додека не најдат нешто за што погрешиле. И во нивниот ум, тие секогаш нешто грешат.

No comments

Powered by Blogger.