ВИДЕО: Момче се онесвести на пресот на Груевски, никој не му помогна


За време на прес конферeнцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски посветена на 100 дена Влада, еден од статистите – членови на партијата кои стоеја позади Груевски се онесвести.  Но никоја од тие што стоеја до него или во непосредна близина не му помогна – само го регистрираа и продолжија да стојат со вкочанети погледи пред себе. Најмалку од се реагираше Груевски кој не запре со својот говор, а ниту го забележа паѓањето.
Ова се случи само еден ден откако статист во српската емисија „Кирилица“ се онесвести за време на гостувањето на српскиот премиер Александар Вучиќ.
Ова не е првпат статист да се онесвести во емисија за време на гостување на Вучиќ. Идентичен случај имаше и оваа пролет. По овој случај, паролата „онесвести се“ стана една од најчестите на протестите во Србија.

No comments

Powered by Blogger.