Делува како смешен авион, а всушност е најсмртоносното оружје на Ким Јонг Ун

Пишува: Точка

Наизглед смешниот "Antonov An-2" би можел да биде најсмртоносното оружје на Северна Кореја кое неодамна го тестирал лидерот Ким Јонг Ун, во екот на зголемените тензии со САД.

Неодамна, имено, биле објавени снимки од севернокорејски падобранци кои скокаат од два транспортни авиони "Antonov An-2", кои датираат уште од времето на Сталин и имаат 70 години, пренесува Fox News.

Иако имаат смешен изглед, овие авиони со оглед на нуклерното оружје со кое располага Северна Кореја, би можеле да бидат смртоносни, бидејќи може да бидат користени за транспорт на нуклеарни бомби кои лесно би се спуштиле на било која мета, без било каков радар.

Според неколку извештаи, севернокорејската војска има флота од 200 авиони "Antonov An-2". Тие прв пат биле претставени во 2015. година, но многумина ги занемаруваат како застарени.



Меѓутоа, тоа што ги прави опасни е тоа што имаат многу мал радарски профил, што значи дека е тешко да се следат од модерните конвенционални авиони.

Како што пишува Drive, овој авион лета бавно и на мала надморска висина, со што за модерните ракетни системи земја-воздух е многу тешка мета, бидејќи е речиси невозможно да се откријат и погодат, пренесува Blic.

Авионот кој иницијално бил дизајниран како летало за услужен и комунален превоз, може да слетува на кратки писти, што го прави истоварувањето на војниците многу лесно и непредвидливо, пишува Fox News.



Според BBC, "Antonov An-2" прв пат полетал во 1947. година, кога Советскиот сојуз се обновувал. Авионот може да лета и наназад.

"An-2" уште лета затоа што нема други авиони како него. Ако ви е потребен авион што може да носи 10 војници, луѓе или кози, кој може да слета било каде, ќе користите или "An-2" или хеликоптер - изјавил за BBC авијатичарот Берни Лејтон, кој летал во "An-2" во Белорусија.

Пред падот во 1991. година, Советскиот сојуз направил повеќе од 10.000 од овие авиони.

No comments

Powered by Blogger.