Убави за медал: Ова се атлетичарки кои мамат воздишки

Пишува: Точка

Во Лондон се натпреварувале голем број атлетичарки од сите краишта во светот, кои слободно можат да се прошетаат и на модните писти.

Натпреварувањето на најдобрите светски атлетичари на навивачите им пружило уживање, и тоа не само спортско, туку и преку фотографиите од спортистките кои воодушевуваат со својата убавина.

Џеневив Лаказе

Досега Австралијката не успеала да оствари некои поголеми резултати на големите натпреварувања, но е редовна учесничка на завршните турнири, а била и дел од олимпискиот тим на својата земја последните две Олимпијади.



Сајг Вотсон

Од минатата година и официјално е дел од олимпискиот тим на Канада, а по среброто на СП за јуниори во 2011. година, најголемите успеси ги остварила во Панамериканските игри, каде има по еден златен, сребрен и бронзен медал.



Ивана Шпановиќ

Најголемата ѕвезда на српската атлетика доминира во својата дисциплина, каде и да се појави победува, а последните пет сезони секоја година освојувала по некој медал на големите натпреварувања.



Катарина Џонсон Томпсон

Британската атлетичарка оваа година не успеала да дојде до медал во седмобој, но пред тоа, од 2012. до 2015. година освоила три златни медали.



Дарија Клишина

Убавата Русинка од Европското првенство во Швајцарија во 2014. година, каде била трета, не успеала да освои некој медал на големите натпреварувања, но затоа освојува со својата убавина.



Ерика Кинси

Освојувачката на златен медал од јуниорското СП во Холандија во 2007. година, во сениорска конкуренција не успеавала да се качи на победничкиот пиедестал. Учествувала и на ОИ во 2016. година, но без некои поголеми резултати.


No comments

Powered by Blogger.