Швајцарците во шок: Им забраниле бурка на муслиманките, но тие нашле дупка во законот

Пишува: Точка

Носењето на бурка е забрането во Швајцарскиот кантон Тичино. Од минатото лето во овој кантон од италијанско говорно подрачје постои закон кој забранува вел преку лице во јавност.

Но, весникот "Ааргауер Цајтунг" јавува дека муслиманките од Тичино пронашле креативен начин да ги заобиколат прописите за забрана на бурката. Жените носат долги тоалети и марами, а лицето го покриваат со медицинска хируршка маска.


"Станува збор за нов феномен со кој се среќаваме оваа година", рекол Роберто Торенте, портпарол на полицијата во дистриктот Лугано.

Во полицијата не знаат како да се справат со овој феномен, бидејќи е тешко да се докаже дали муслиманките носат медицинска маска од верски или од хигиенско-здравствени причини.

No comments

Powered by Blogger.