Како ќе изгледа Севернокорејската војна?: "По три седмици режимот ќе доживее големи загуби, а тогаш..."

Пишува: Точка

Тензиите на Корејскиот полуостров никогаш не биле поголеми. Режимот од Пјонгјанг ја изврши и шестата нуклеарна проба, додека од остатокот од светот пристигнуваат разни реакции, од критики до најави за нови санкции. "BBC" разговарал со двајца експерти за Северна Кореја, Дејвид Максвел и Брус Бектол.

"Ќе бидеме сведоци на огромни бројки на загубени животи. Веројатно три до четири илјади мртви во првата седмица, цивили и војници. Веројатно повеќе од 2 милиони жртви по три седмици", вели Брус Бектол, поранешен аналитичар од Пентагон.

"Да бев командант од Северна Кореја, ќе ја активирав целосната артилерија и ќе предизвикав што е можно повеќе смрт и уништување на југот. Во првите часови, буквално ќе има стотици илјади артилериски рунди и ракети лансирани кон југот, многу од нив во Сеул. Со 6 милиони резервисти, мислам дека Северна Кореја е четвртата најголема војска во светот", вели Дејвид Максвел, ветеран на Американската армија од Северна Кореја, пренесува BBC.



Зошто би нападнале веднаш, и како ќе реагира САД?

"Сценариото кое би можело да доведе до војна, е кога Ким Јонг Ун ќе почувствува дека е под закана. Тоа би можело да биде надворешна закана, како превентивен напад, или пак поради лоша проценка, кога Ким ќе помисли дека режимот е под голема закана", вели Максвел.

Бектол вели дека задача на Американците во тој случај ќе биде да користат воздушна моќ, за да ги задржат Севернокорејците колку е можно подолго, додека не однесат потешко оружје на полуостровот.

"Прво што треба да се направи, е да се натоварат сите работи на бродови: Тенкови, камиони, артилерија, војска и сите работи што одат со тоа. За тоа ќе биде потребно околу 3 до 4 дена, со тоа што маринците би влегле од Јапонија, и уште 3 седмици за тенковите да дојдат до полуостровот од Тексас", додава Бектол.



Како би можела војната да заврши?

"Севернокорејците имаат резерви за околу 3 до 4 недели: муниција, храна, гориво и др. за да водат војна. Тоа е се што имаат. Па затоа, нивниот воен план мора да ги исполни сите зацртани точки во тие 3 седмици. Потоа, живеат само од земјата", вели Бектол.

"И кога војната ќе почне да оди на лошо за нив, повеќето нивни единици ќе почнат да се распаѓаат. Кога ќе дојде до тоа, ќе има многу, многу брза де-ескалација на конфликтот", додава Бектол.

"Кога ќе го знаат тоа, каква причина ќе имаат да не ги искористат нукларните бомби, да поведат во смрт 2 милиони Американци", завршува Бектол.

No comments

Powered by Blogger.