Познати личности кои имаат кралско потекло

Кога Бијонсе ја нарекуваат кралица, тоа не е кажано само така, таа навистина има кралско потекло. Можеби се подалечни роднини со членови на кралските семејства, но сепак крвта не е вода.


Пишува: ЦрноБело

Сигурно не сте знаеле дека Џони Деп е во роднинска врска со Кралицата Елизабета, или дека Елен Деџенерис е далечна братучетка со Кејт Мидлтон.

Во продолжение прочитајте кои познати личности имаат кралско потекло:
Хилари Даф и Кралицата Елизабета

Актерката е во најблиската роднинска врска со Кралицата Елизабета од сите други познати личности, и тоа од 18-то колено.



Бијонсе и Кралицата Елизабета

Бијонсе исто така е во сродство со Британската кралица, но од 25-то колено.



Селин Дион и Мадона со Принцезата Камила

И двете пејачки имаат потекло од истакнато француско- канадско семејство од 17 век, од кое потекува и сопругата на принцот Чарлс, Камила.



Елен Деџенерис и Гај Ричи со Војвотката Кејт Мидлтон

Елен Деџенерис и Гај Ричи се далечни роднина со Кејт Мидлтон. Гај Ричи дури беше и поканет и на кралската свадба на Вилијам и Кејт.



Џони Деп и Кралицата Елизабета

И двајцата водат потекло од Кралот Едвард Трети, па Џони Деп е 20-то колено на Британската монархија.

Ралф Фајнс и Принцот Чарлс

И двајцата се потомци на Кралот Џејмс Втори.

No comments

Powered by Blogger.