Руски шампион убиен во страшна улична тепачка: Го тепале по глава, додека беспомошно лежел

Пишува: Точка

А сè започнало поради расправија во кафуле за тоа кој спорт е подобар...

Светскиот шампион во кревање тегови, Русинот Андреј Драјхов, починал вчера од повреди добиени во улична тепачка.

Тој пред кафуле во центарот на Хабаровск бил убиен од извесен Анар Алакверанов, кој очигледно добро познава ММА вештини.

Расправата се случила во едно кафуле каде двајцата се расправале за тоа кој спорт е подобар.

Излегле на двобој надвор, но несреќниот Андреј не се вратил. Бил пренесен во болница, каде умрел.

No comments

Powered by Blogger.