Како изгледа еден ден во животот на милијардер: Сосема обична навика го довела до врвот и успехот

Пишува: Точка

"Станувањето рано наутро ми дава време да постигнам сѐ, и денот ми тече ефективно", вели Бренсон во својот нов блог пост.

За Бренсон знаеме речиси сѐ - како го основал конгломератот Virgin Group, кој му дава бизнис совети, со кој се социјализира, кое е неговото хоби и кои спортови ги сака... Форбс неговото богатство го проценува на 5 милијарди долари.

Бренсон нема намера да се пензионира и поголемиот дел од времето го поминува работејќи на непрофитни иницијативи. Што друго можеме да очекуваме од човекот кој се сликаше со свој вработен кој заспал на работното место?

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа еден ден во животот на Ричард Бренсон? Еве го одговорот.

Бренсон станува во 05:00 часот секое утро. "Станувањето рано наутро ми дава време да постигнам сѐ, и денот ми тече ефективно", вели Бренсон во својот нов блог пост.

Голем дел од времето го поминува со семејството и сите заедно појадуваат. Како што вели, семејството му е многу важно и му дава енергија пред да започне работниот ден.


Неговите омилени активности вклучуваат сурфање, пливање, велосипедизам и тенис. Познат е по неговите потфати, како на пример кога во 2010-та година го трчаше маратонот во Лондон облечен како пеперутка. Една година претходно сурфаше со гола манекенка на грбот. Во февруари на брановите се натпреваруваше со поранешниот претседател на Америка, Барак Обама.

"Не постои ништо друго како чувството на слобода и поврзување со природата кое доаѓа од кајт сурфање - и неверојатниот бран на адреналин кој ви го дава", напишал во еден блог пост.

Бренсон не станува рано само поради себе туку бидејќи тогаш може да се слушне со луѓето од канцелариите ширум светот кои се во различни временски зони.

"Можам да поминам низ сите мејлови пред поголемиот дел од светот воопшто да се логира", заклучува Бренсон.


Во канцеларија Бренсон не носи фенси одела и вратоврски. Така било отсекогаш и тоа не го менува. За тоа и зборувал пред медиумите: "Мразам вратоврски. Не можам да сфатам ни како се врзува"...

На работа будно внимава сѐ што се случува поврзано со Virgin Group но и на различните социјални платформи, ги чита вестите од светот и е во постојан контакт со вработените.


"Да се биде модерен бизнис лидер значи да го држите прстот врз пулсот (на случувања) и точно да знаете за што зборувате. Јас секогаш сум поврзан со мојот "Virgin" тим."

Насекаде го носи со себе својот бележник и за тоа вели: "Мојата "тајна на успехот" е тоа што секогаш св си запишувам! Не би можел да ви кажам што би било со мене кога би немал пенкало при рака да ги запишам сите мои идеи веднаш штом ќе ми паднат на памет"...


За да го одржи високо нивото на енергија преку денот Бренсон пие по 20 чаши чај - бел, без шеќер. Кога станува збор за исхрана, Бренсон најмногу сака сендвичи со јајца како и чорбата на неговата жена, пстирска пита и печење.

Уште едно хоби на Бренсон му е шахот. Бренсон не би бил Бренсон доколку константно не би се обидувал да ги победи светските рекорди. Еден за малку ќе го чинеше главата - кога во 1985-та година сакаше да го урне рекордот во брзина на преминување на Атлантскиот океан. Неговиот "Virgin Atlantic Challenger" потона, екипата беше спасена, а веќе година дена подоцна успеа да го урне рекордот.

Не е љубител на телевизијата, но ужива во старите филмови. Ги слуша Питер Гебриел, Мајк Олдфилд и "The Sex Pistols"... Откако ќе вечера со семејството и пријателите, Бренсон си легнува околу 23:00 часот навечер. Вели дека шест часа сон му се сосема доволни.
Тој вели дека многу е важно во животот да пристапуваме со чувство за авантура: "Духот на авантурист не мотивира да си поставуваме цели пред себе, да се буткаме себе напред, да се фатиме во костец со тешките проблеми и задачи и така да стигнеме до нови височини"...

No comments

Powered by Blogger.