Конор Мекгрегор: Како изгледа режимот на исхрана на славниот борец?

Пишува: Точка

Во пресрет на големиот спортски спектакл – мечот помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор, Ви откриваме каков план на исхрана применува борбениот Ирец во текот на припремите за борбата на деценијата.

Во текот на целата кариера, Конор Мекгрегор обрнува големо внимание на тоа што внесува во своето тело. Во разговор за списанието AskMen, тој ги открива основните принципи на својата исхрана.

“Прилично останувам доследен кога станува збор за исхраната пред мечовите кои ме очекуваат. Не сакам премногу да експериментирам, само се трудам постојано да јадам здраво, а не само во текот на одреден период”.



Иако Конор како горд Ирец секогаш го истакнува своето потекло, некои традиции кои се дел од животот во неговата земја како пиење за време на викендите, не се дел од неговата рутина.

“Консумирам вода или кокосова вода. Хидратацијата е многу важна работа, а првата работа која ја правам наутро е да испијам една чаша вода и да се истегнам. Консумирам квалитетно месо: пилешко, лосос, говедско месо во комбинација со зеленчук и овошје, посебно банани. Тука се секако и јајцата кои најчесто ги консумирам во вид на омлет. Избегнувам јаглехидрати, но голем љубител сум на слаткиот компир”, вели славниот ММА борец.



Протеините се важни за одржување на физичката виталност, а тие се неизоставен сегмент во исхраната на Мекгрегор.

“Адекватниот внес на протеини е многу важен во текот на припремите за мечеви бидејќи ми помагаат да изградам мускулна сила и да се регенерирам, а најмногу ги земам во облик на суплементи. Посебно ги истакнувам оние протеини кои не содржат изобилство на јаглехидрати и масти. Постојано се шегувам дека по завршување на кариерата конечно ќе можам да уживам во работите кои сега ми се забранети, како што се слатките. Во суштина сакам здрави работи, бидејќи знам дека ми се многу корисни кога станува збор за мојата кариера”, додава Мекгрегор.

Долгоочекуваниот бокс спектакл помеѓу Мејведер и Мекгрегор ќе се одржи на 26. август во Лас Вегас, а се проценува дека двата борци ќе заработат околу 180 милиони долари.

No comments

Powered by Blogger.