Од лошо во полошо: Бегал од полицијата, скокнал во море, па наишол на нешто застрашувачко во водата

Пишува: Точка

Кога кај 20-годишниот Захари Кингсбури била пронајдена дрога, истрчал од автомобилот на плажа и влегол во море, наведува полицијата во Северна Каролина. Сепак, надзорната камера на дронот покажала дека полицајците не биле единствени што го бркало.

Според наводите на "Observer", ајкула од 1,5 метар во еден момент била оддалечена од Кингсбури 20-тина метри.

"По 60 минути Кингсбури се наоѓаше на околу 1.200 метри од брегот, и визуелниот контакт беше изгубен. Во тој момент, потерата се претвори во акција за спасување", се наведува во соопштението од полицијата.

Момчето по неколку часа било пронајдено неповредено, неколку километри подалекуи од местото на кое влегло во водата.

Моментално се товари за спротивставување при апсење, поседување на дрога и прибор за дрога, пренесува Fox News.

No comments

Powered by Blogger.