Подготвувале масакр и атентат на Владимир Путин: Руската полиција уапсила терористи и открила два пеколни планови

Пишува: Точка

Руската полиција соопшти дека била уапсена терористичка група која што планирала да предизвика судир на два експресни возови и камион полн со експлозив да го доведат на прослава на која се наоѓал рускиот претседател Владимир Путин.

Иако ова се случило кон крајот на јули, детали биле откриени во руските медиуми деновиве.

Наводно, џихадистичка група која што делува на подрачјето на Русија планирала да изведе саботажа на возови во близина на Санкт Петербург. Планот им бил да го изведат нападот за време на одржувањето на Купот на конфедерации кој што се одржуваше во Русија минатиот месец, натпреварување кое што на некој начин претставува генерална проба во пресрет на Светското првенство во фудбал кое што идната година ќе се одржува во Русија.

„Откако ќе удрел во поставената препрека на шините, едниот воз било планирано да излета од шините и да удри во друг воз кој што истовремено би доаѓал од спротивен правец“, објави московска „Комсомолскаја Правда“.



Како што пренесуваат руските медиуми, со оглед на тоа што возовите се движеле со брзина од околу 300 километри на час, ваквата трагедија речиси било невозможно да биде избегната. Но, се чини дека терористите не ја завршиле својата работа доволно добро, па возот иако удрил во препреката, ништо не се случило, односно за среќа не излетал од шините.

Патниците кои што биле во возот ништо не забележале, но вработените во руската железница морале да потпишат изјава дека за инцидентот нема да зборуваат ништо, се додека ФСБ не истражи што точно се случило. Набрзо после саботажата на шините, од ФСБ ја разоткриле терористичката ќелија.

Било откриено дека тие имале и други планови. Планирале да наполнат камион со експлозив и да го однесат во центарот на градот. Во документите на ФСБ стоело дека нападот бил планиран за 30-ти јуни во Санкт Петербург кога била и прославата за Денот на руската морнарица, церемонија на која што бил присутен претседателот Путин.

Нападот бил спречен, а снимките кои што неодамна беа објавени од ФСБ ги покажуваат моментите кога се уапсени осомничените кои што потекнувале од земјите од централна Азија. Нивните имиња и националности не се откриени, затоа што и натаму траела истрагата.

No comments

Powered by Blogger.