Момчиња со позајмен „бентли“ удриле во возилото на Александар Вучиќ

Пишува: Точка

Tри момчиња се приведени поради загрозување на безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тие со возило „бентли“ ја пресекле колоната возила во која се наоѓал Вучиќ, попречувајќи го нивното движење. Спеските медиуми јавуваат дека тројца помлади жители на Белград се уапсени и ќе бидат изведени пред Јавното обвинителство.

Сите тројца како што се наведува и се познати на полицијата од порано по извршени кривични дела. Според сведочењата на очевидци, „бентлито“ со шпанска регистрација, се движело со голема брзина на кружен тек по удрило токму во автомобилот на Александар Вучиќ.

Во колоната во која се наоѓал Вучиќ имало три возила, а српскиот претседател бил во првото возило во кое и удрило „бентлито“. Паралелно со ударот во возилото во кое се наоѓал Вучиќ, „бентлито“ го блокирало второто возило од колоната, оневозможувајќи го обезбедувањето да реагира.

Третото возило тргнало по тројцата кои се возеле со скапиот автомобил, по извесно време ги стигнало и обезбедувањето на Вучиќ ги извлекло од возилото. Кај еден од нив, по спроведувањето и проверките, во крвта е пронајдено присуство на кокаин.

Според „Политика“ тројцата немале намера да ја нападнат колоната со возила каде што бил претседателот. Тргнале да се повозат со скапиот автомобил со шпански регистерски таблици, сопственост на познат фудбалер, а во моментот кога возачот почнал да го дрифтува автомобилот наишла колоната со српскиот претседател на која налетале.

На тројцата им се заканува казна од една до осум години затвор, со оглед дека им е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста на српскиот претседател.

Српски Курир: Бентлито е во сопственост на фудбалскиот репрезентативец Ивица Драгутиновиќ



Според српски Курир познатиот фудбалер за време на инцидентот кој се случил во 08.20 утрово не бил во возилото кое го пресекло патот на колоната на шефот на државата.

No comments

Powered by Blogger.