Како изгледаат денес Младите бунтовници? (фото)

Единствената причина поради која можевте да задоцните втора смена на училиште беше доколку на некој начин се оддолжеше епизодата од Младите бунтовници, поради реклами или вонредни вести.



Не испуштавме ниту една епизода, а со задоволство ги гледавме и репризите. Авантурите на Младите бунтовници низ ходниците на училиштето Elite Way засекоагаш ќе останат во нашите најдраги спомени.

Од целата екипа (очекувано) денес најпозната и најпопуларна е Луисана Лопилато (Миа Колучи). Дел од нив продолжиле да се занимаваат со глума, а дел како Марица Пиа Спирито (Камила Бордонаба) во неодамнешно интервју изјавила дека уште за време на снимањето на Rebelde Way знаела дека популарноста не е за неа, за разлика од Луисана која го обожавала животот под рефлекторите.

Љубовта на Миа и Мануел, онаа на Пабло и Марица, и романсата помеѓу таткото на Миа, Франко, и Соња дел Реј ги иполни нашите тинејџерски денови, а песните на Еревеј одѕвонуваа на секоја роденденска забава.

Добри безгрижни времиња исполнети со смеа и забава, но и многу поучни пораки. Погледнете како изгледа екипата на Младите бунтовници денес:
Мануел Агире - Felipe Colombo


Миа Колучи - Luisana Lopilato


Марица Пиа Спирито - Camila Bordonaba


Пабло Бустаманте - Benjamín Rojas


Серхио Бустаманте - Boy Olmi


Лухан Линарес - Jazmín Beccar Varela


Соња Реј - Catherine Fulop


Гидо Ласен - Diego Mesaglío


Маркос Агилар - Diego García


Марсел Дуноф - Arturo Bonin


Фелиситас „Фели“ Митре - Ángeles Balbiani


Викторија „Вико“ Паз - Victoria Maurette


Пилар Дуноф - Micaela Vázquez


Франко Колучи - Martín Seefeld


Томас Ескура - Jorge Maggio

No comments

Powered by Blogger.