Мали навики кои ќе го променат начинот на кој другите ве гледаат

Без разлика дали сте срамежлива личност и важно ви е како ве гледаат другите, или пак сакате да го поправите лошиот прв впечаток, има решение за тоа како може да се промени начинот на кој луѓето околу вас ве перципираат.

Пишува: ЦрноБело

Постојат мали навики да покажете поголема самодоверба или да изгледате посигурно. Прочитајте дел од нив:

Изградете личен стил

Сé започнува со надворешниот изглед. Ако сакате да оставите добар впечаток, одвојте време да размислите што ќе облечете наутро, наместо да го земете првото нешто што ќе го најдете во плакарот. Постепено ќе изградите личен стил по кој другите ќе ве препознаваат.

Изгледајте убаво и средено и самодовербата полека ќе почне да се зголемува.

Исправете се

Ако одите згрбавено и со наведната глава, скоро никој нема да ве забележи. Вежбајте како да го исправите грбот и да одите со крената глава. Така ќе оставите посилен впечаток.

Луѓето ќе сакаат да слушнат што имате да кажете и повеќе ќе го ценат вашето мислење.


Поставувајте прашања

Не се плашете да прашате нешто ако не ви е јасно. Поставувајте едноставни прашања на кои другите ќе можат да дадат подолги одговори и разговорот да има природен тек. И за ова е потребно да се вежба. Не очекувајте да го совладате за еден ден.

Кажувајте си дека сте вредни

Кога сами со себе разговараме со позитивен тон полн со љубов, самодовербата се зголемува. Начинот на кој вие се гледате сами го диктира начинот на кој другите ве гледаат. Затоа, бидете љубезни со себе и ако треба, пред некој важен настан, подгответе се ментално за она што следи.

Појавете се

Кога имаме недостаток на самодоверба, често знаеме да останеме дома и да си кажеме дека не вреди да се отиде на некој настан. Ако ова го правите често, луѓето околу вас веќе ќе бидат навикнати дека нема да се појавите и полека ќе почнат да го губат интересот за вас. Променето го ова со тоа што ќе си кажете дека секогаш вреди да се појавите некаде, колку и да не ви се оди или да ви е неудобно.

Размислувајте позитивно

Другите не ги гледаат вашите мисли, но вие сте тие што ги контролирате. Затоа, важно е да го наполните умот со позитивни мисли и тоа ќе се отслика и од надвор. Насмејте се, делувајте заинтересирано и верувајте дека за кратко време и другите ќе ги почувствуваат тие вибрации од вас.

No comments

Powered by Blogger.