Вучиќ: Се правеа блесави на вашава телевизија, а имаат одлука да гласаат за Косово во УНЕСКО

Пишува: Точка

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто за РТС кажа дека се води кампања да се претстави Србија дека кова заговори со цел Македонија да гласа за влез на Косово во УНЕСКО.

„Нашата служба е многу силна, знаеме сè што правеле. Ние нема да дозволиме да нè вовлечат во играта, сите во светот се информирани какви игри се играат. Ние ништо не бараме од Македонија.

Како знаев дека ќе го сменат ставот за УНЕСКО? Тоа што се трудат да направат слика дека Србија е единствена црна точка на Балканот која со Русија наводно прави заговори. Тие многу добро знаат што сè знаеме. Јас ја поддржав одлуката на Ивица Дачиќ. Ова беше начин да им кажеме знаеме што правите, ве молиме немојте зашто не ви посакуваме ништо лошо. Тие ќе гласаат за Косово во УНЕСКО, тоа е јасна одлука на владата, иако се прават блесави на вашата телевизија дека не разбираат. Јас ви велам дека ќе гласаат за Косово во УНЕСКО, дали ќе бидат предлагачи, не знам бидејќи тоа е малку тешка позиција за нив, рече Вучиќ.

„Дали односите ќе ни бидат на највисоко ниво, не знам, тоа е тешко. Ќе разговарам со Зоран Заев, можеме да разговараме за економијата. Ни кажуваат дека нè сакаат, но секогаш гласаат против нас. Ние не направивме ништо против нив, ги признавме под уставно име спротивно на волјата на ЕУ. Луѓето нека не се грижат, ќе има мир и стабилност, овде нема љубов туку само интереси“, рече Вучиќ.

No comments

Powered by Blogger.