“Како е да се биде сингл”: Селин Дион му дала брилијантен одговор на дрскиот новинар

Пишува: Точка

Славната пејачка Селин Дион, чиј сопруг Рене Анжелил минатата година почина од карцином, на една канадска телевизиска емисија ја претставувала својата нова колекција на чанти и модни додатоци, кога еден новинар и го поставил секогаш најважното прашање – што има на љубовен план.

Дион со сјајна и брза реакција ги воодушевила сите гледачи.

“Сакав да Ве прашам за Вашиот приватен живот”, рекол во еден момент новинарот, притоа додавајќи: “Сега е тоа за Вас цел нов свет, сингл жена сте. Како е животот?”

Без момент на размислување, Дион му упатила сериозен поглед и возвратила со прашањето: “Дали тоа Вие ме поканувате на состанок?”
Публиката во студиото почнала воодушевено да ракоплеска, а Селин продолжила, пеејќи го рефренот на песната “Diamonds” од Ријана. Новинарот се насмевнал, велејки дека е “веројатно подготвен” да ја однесе на состанок. Прашањето било сосема неумесно со оглед на тоа дека Дион пред тоа зборувала како се чувстува поради загубата на својот маж Рене.



Селин и Рене се венчале во 1994. година во базиликата Нотр-Дам во Монтреал, во која беше одржано и последното негово испраќање. Пејачката со Рене има три сина, 15-годишниот Рене-Чарлс и петгодишните близнаци Нелсон и Еди.

No comments

Powered by Blogger.