Полицијата повика да не се пука на ураганот Ирма

Полицијата повика да не се пука на ураганот Ирма
Пишува: A1on

Полицијата во округот Паско апелираше до граѓаните на Флорида да не пукаат кон Ирма бидејќи тоа нема да го натера ураганот да се врати назад.

Предупредуваат дека тоа може да доведе и до многу опасни повратни ефекти.

Полицијата реагираше откако на Фејсбук голема популарност доби повикот да се пука на ураганот Ирма. Настанот „Пукај на Ирма“ е закажан во 10 часот по локално време, пишува на Фејсбук.

Околу 25.000 луѓе се пријавија дека ќе „присуствуваат“ на настанот, а 53.000 луѓе дека се „заинтересирани“.

Не беше намерата ова да стане нешто поголемо. Идејата повеќе не е под моја контрола, рече креаторот на случувањето Рајон Едвардс додавајќи дека воопшто не мислел дека навистина треба да се пука.

No comments

Powered by Blogger.