Прегазена жена во Дебар Маало, граѓаните реагираат кон надлежните

Пишува: Нова

Утрово пред влезот на основното училиштето „Коле Неделковски“, загина жена која беше прегазена од комбе за достава.

Немилиот настан се случи на улицата Антонио Грубишиќ во 8.50 часот кога теренско возило управувано од Т.Н. (1972) од населбата Илинден, удрило во жената-пешак, потврдија од МВР.

Граѓаните вклучени во акцијата за одбрана на Дебар Маало му се лути на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски дека со години ги игнорирал нивните дописи за овој дел од населбата каде има школо, нема тротоари, тесни улици, метеж и магацини со фреквентни комбиња за достава.

„Одговори нема, решенија уште помалку, одобренија за градби се издаваат се уште, инвеститорите ги имаат сите права пред жителите…. до кога? Следната жртва може да е секој од нас, а нема кој да не заштити. Нашите избраници во советот ги НЕМА, градоначалникот е тука само за да се слика и фали, инвеститорите тријат раце, ние гинеме…“, се вели во реакцијата на Иницијативата Во одбрана на Дебар Маало.

No comments

Powered by Blogger.