Се приближува интензивна соларно-геомагнетна бура

Пишува: Точка

Интензивна соларна-геомагнетна бура, која од Сонцето се приближува кон Земјата, денеска и утре може да доведе до нарушувања во електро-мрежите и дистрибутивните системи, јави „Блумберг“.

Облак од наелектризирани честички, настанати од соларна експлозија, се очекува да стигнат до Земјата в среда и в четврток, потенцијално предизвикувајќи геомагнетна бура што може да предизвика проблеми на системите за сателитска навигација. Од бурата, можни се нарушувања во работата на сателитските и комуникациските системи, ГПС технологијата, радарските системи и системите за навигација.


– Далеку сме од интензитет кој претставува ризик, изјави претставник на американскиот Центар за веселенски-климатски предвидувања, дополнувајќи дека не се очекува да биде предизвикана позначителна материјална штета.


Геоефективноста на соларните и геомагнетните бури може да има влијание на промената на метеоролошките параметри и на формирањето временски прилики.

No comments

Powered by Blogger.