Суперполицајка: Таа убила четворица од петте убиени терористи во нападот во Барселона!

Пишува: Точка

Една полицајка усмрти четворица од петте убиени терористи во каталонскиот крајбрежен град Карбило.

Шефот на полицијата, Џозеп Луис Траперо, кој ја води истрагата за терористичките напади кои се случија во четвртокот и петокот, изјави за медиумите дека една полицајка убила четворица од петте терористи.

"Да се убијат четворица луѓе, иако си професионалец, не е лесно да се соџвака", изјави Траперо.



Според пишувањето на каталонските медиуми, патролната пешачка полиција се наоѓала на контролниот пункт кога терористите налетале со автомобил, прегазиле три лица и се удриле во едната од двете полицајќи на патрола.

"Гледајќи ја колешката повредена и како терористи излегуваат од возилото со ножеви, мачети и секири, полицајката го извадила своето оружје и усмртила четворица. Петтиот напаѓач успеал да побегне и да прободи еден пешак пред да биде усмртен од друг полицаец - маж",пишува "Вангвардија".
Како што се наведува, полицајката која ги усмртила четворицата терористи требала да оди на одмор оваа недела, а надлежните изјавиле дека ќе ѝ биде понудена помош од психолог поради акцијата во која што учествувала.
Осум часа претходно, "напад исто така поврзан со ИСИС" во сред гужвите на улицата Ла Рамбла во Барселона го однесе животот на 13, вклучувајќи и тригодишно девојче и остави повредени над 100 жртви од 34 различни земји. 

No comments

Powered by Blogger.