Исповед на воени ветеранки: Само ги кренав пантоланите и се вратив на работа

Пишува: Точка

Меѓу воените ветерани во САД има се повеќе бездомници, а според податоците на Националната коалиција за жени ветерани бездомнички, речиси 25 проценти од луѓето кои живеат на улица се воени ветерани. Меѓутоа има се повеќе жени кои се отпуштаат од воена служба. Тие сочинуваат 8 проценти од вкупната популација ветерани и речиси 15 проценти активни војници. Бројот на бездомнички ветеранки се зголемил од 2006. година, кога биле 1.380, за во 2010. година да достигне 3.328.

Нивната воена служба во главно има краток век, но траумите со кои живеат по заминувањето од војска се долготрајни и болни. Голем број од нив по соблекувањето на униформата завршуваат на улица, борејќи се за егзистенција и со траумите од сексуалното злоставување.

Фотографката Мери Калверт, работејќи на нивните портрети, ја дознала ужасната вистина за животот на жените-ветерани и нивното сексуално злоставување во војска. Извршителите во главно минуваат неказнето или не се ни пријавени. Повеќето жени кои одлучуваат да и служат на земјата како припаднички на војската, доживеале некој облик на сексуално злоставување од своите машки колеги и надредени, а покрај тоа често заболуваат од пострауматски стрес, кој им го отежнува животот, како приватнот, така и деловниот.

Една од оние кои не го пријавиле злоставувањето била Лори Хорс, која тогаш имала само 19 години. Работела како механичар на бомбардерите "B-29" кога ја силувал еден колега од нејзиниот тим. Како што рекла, само ги облекла пантоланите и се вратила на работа, бидејќи знаела дека нема да биде казнет.

Дека овој проблем не е нов, туку длабоко вкоренет во американската војска, покажува и приказната на Пола.

Таа пред 20 години, во текот на службата во Кореја доживеала сексуално злоставување. Колега ја силувал и дрогирал, но откако го пријавила на наредниците, таа била таа што ги сносила последиците. Била вратена назад во Америка, обвинетиот не одговарал, а Пола својата воена служба ја завршила по само шест години.

Сара Џенкинс завршила воена служба во Корпусот на морнаричката пешадија на САД. И таа преживеала тешка траума откако ја силувале повеќе војници неколку пати. Денес е зависничка од тешки дроги и живее на улица, а храна добива од Националната коалиција.
Меиса А. Рамон во американската војска служела девет години, и тоа во Военото воздухопловство, каде сексуално ја злоставувале менторот и колегите пилоти.

Покрај траумата од сексуалното злоставување, по излегувањето од војска жените најчесто ги чека - улица. Како што наведува здружението Националната коалиција, жените ветерани се најбрзо растечка групација меѓу бездомниците во САД, а тој процент се очекува и уште да расте.



Оваа организација се обидува да обезбеди бонови за храна за жените кои не можат да се прехранат, но вели дека тоа е се потешко.

За проблемот со сексуалното злоставување во американската војска медиумите почнале да пишуваат откако јавноста ја потресол скандал кога еден од војниците, поради одмазда по раскинување, споделувал фотографии на кои таа е гола на интернет.



Во текот на 2016. година пријавени биле 6.172 случаи на сексуално злоставување. Само четири години порано, во 2014, тој број бил двојно помал - 3.604.

No comments

Powered by Blogger.