Бугарските војници одбиле да пукаат во руски мети: Протекле информации за кои НАТО не сакал да се дознае

Пишува: Точка

Маневрите на кои учествувале војници од 11 држави членки на НАТО продолжиле откако метите биле префарбани.

Бугарските војници одбиле, во текот на вежбите на НАТО силите во Романија, да пукаат на мети на кои се наоѓале руските ознаки, пишува канадската веб страна Global Research.

Вежбите продолжиле откако метите биле префарбани, а на Бугарите им било пратено извинение.

Вежбата "Благороден скок 2017" била одржана во јуни во Романија, а бугарските војници одбиле да пукаат на метите на кои имало ознаки многу слични на руските, наведува веб страната.

Романската војска објаснила, наведува Global Research, дека за метите употребиле стари билборди од трговски центри, на кои веројатно имало слики кои "многу потсетувале на ознаките на руските вооружени сили".
Како што наведува Global Research, НАТО одлучил информациите за тој настан да не бидат обелоденети.

Проблемот со метите не бил единствен поврзан со таа вежба, со оглед на тоа што грчки комунисти речиси четири часа го блокирале конвојот од 19 возила со албански војници.

Минатата година, Бугарите одбил да учествуваат во формирањето на црноморската флота, која би претставувала противтежа за Русите.

Иако Турција, Романија и Украина прифатиле да учествуваат во тој проект, по одбивањето на Бугарија таа идеја била отфрлена.

No comments

Powered by Blogger.