Во Мајами удира нуклеарен ураган: Градоначалникот издал драматично предупредување: Сите нека си одат побрзо бидејќи нема да можеме да ги спасиме

Пишува: Точка

Најмалку 13 лица загинале за време на ударот на ураганот Ирма.

Француското министерство за прекуморски подрачја потврдило дека загинале најмалку осум лица, а две биле тешко повредени на островите Свети Мартин и Свети Бартоломеј, кои биле погодени од ураганот Ирма. Едно лице загинало на Ангвила, а 2-годишно дете на Барбуда. Во Порторико загинале 79-годишна старица, еден маж и една млада жена.

Уништена е речиси целата инфраструктура, а материјалната штета е огромна. Ураганот Ирма е најмоќен ураган во историјата забележан на Атлантскиот океан.

Видео од ураганот Ирма од вселената објавила НАСА, додека еден истражувачки авион се упатил во самото средиште на ураганот и направил видео.

Филип Левин, градоначалник на Мајами, изјавил дека ураганот Ирма е "нуклеарен" ураган и дека сите жители и посетители треба да заминат од тоа подрачје.

"Ова е многу сериозна, моќна олуја. Јас ја нарекувам нуклеарен ураган. Им препорачувам и ги молам сите наши жители и посетители да го напуштат ова подрачје", изјавил Левин и рекол дека нема да ги загрозува животите на спасувачите кога ќе удри ураганот.

"Не сакаме јунаци. Тука не станува збор за штета, важна е евакуацијата", порачал тој.

No comments

Powered by Blogger.