Амал Клуни: Шик изданието на убавата мајка ги засени сите холивудски ѕвезди

Пишува: Точка
Амал Клуни го придружувала својот сопруг Џорџ на премиерата на филмот “Suburbicon”, во рамки на 74-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција.

И оваа година, филмскиот фестивал успеа да ги собере најголемите ѕвезди од филмската индустрија. Во склоп на славната Мостра, се одржа и премиерата на новиот режисерски проект на актерот Џорџ Клуни.

На премиерата на филмот “Suburbicon” се појави и неговата сопруга Амал, која блескала во виолетовиот фустан на модната куќа Версаче. Елегантниот изглед го нагласила со волуменозна ретро фризура во стил на дива од холивудското златно доба.







Со оглед на тоа што ретко се појавува во јавноста откако пред нешто повеќе од два месеци роди близнаци, нејзиното доаѓање на премиерата предизвикало голем интерес кај присутните медиуми, со што успеала да ги засени дури и главните ѕвезди на филмот – Џулиен Мур и Мет Дејмон.


No comments

Powered by Blogger.