Џихадистите повторно се закануваат со ново видео: Ќе се одмаздиме за инквизицијата, Шпанија ќе биде калифат

Пишува: Точка

Терористите на ИСИС објавиле снимка на шпански јазик во која се закануваат со одмазда на Шпанија за терористите кои полицијата ги убила во текот на минатонеделниот напад во Барселона и Камбрилс, пишува шпанскиот весник "Pais".

На снимката има двајца борци кои зборуваат на шпански со арапски акцент и порачуваат: "По волјата на Алах, Андалузија повторно ќе стане тоа што некогаш била, дел од калифатот".

"Шпански христијани, не ја заборавајте муслиманската крв која е пролиена во текот на шпанската инквизиција. Ќе ви се одмаздиме за масакрот кој сега го спроведувате против ИСИС", вели борецот на таа терористичка организација, кој се претставил како Абу Лаис од Кордоба.

"Ние вас никогаш нема да ве оставиме на мир", додал другиот џихадист, кој се претставил како Абусалман.

Според полициските наводи, Абу Лаис е всушност 22-годишнито Мухамад Јасин Перес од Кордоба. Неговиот татко, Мароканецот Абделах Ахрам, моментално е во затвор во Тангер поради активна улога во радикалниот џихадизам. Другиот маж не е идентификуван, бидејќи лицето му е покриено и му се гледаат само очите.

Андалузија е најјужна автономна покраина на Кралството Шпанија, која повеќе од пет века била под муслиманите.

Видеото било објавено вчера, шест дена по нападите за кои ИСИС преземала одговорност.

No comments

Powered by Blogger.