Руската ТВ репортерка Ана киднапирана во Киев: Пред домот ја ставиле во автомобил и од тогаш и се губи трага, цела Русија на нозе

Пишува: Точка

Се очекуваат повеќе детали од киднапирањето на руската репортерка.

Репортерката Ана Курбатова, која работи како новинар на "Russia's Channel One" била киднапирана во Киев, како што за Sputnik било потврдено од прес службата на оваа телевизија.

"Ја потврдуваме оваа информација", било кажано за Sputnik. Нема повеќе детали за ова киднапирање.

Руската новинарка е обвинета дека манипулирала со важни информации и дека учествувала во анти-украинска пропаганда, додека известувала за воената парада во Киев, која е посветена на Денот на независноста, минатата седмица.


Од "Channel One" изјавиле дека Курбатова можеби е заробена од страна на Службите за безбедност на Украина.

"Ана Курбатова е киднапирана во центарот на Киев и не можеме да стапиме во контакт со неа. Нашата колешка е киднапирана од непознати луѓе во близина на нејзиниот дом, ја ставиле во автомобил и ја одвеле. Според нашите информации, службеници на украинската служба за безбедност ја одвеле Ана Курбатова", стои во соопштението од каналот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека Москва моментално ја разјаснува ситуацијата во поглед на киднапирањето на руската новинарка во Украина.

Овој настан се случил само ден откако украинската служба за безбедност протерала двајца шпански новинари кои биле обвинет за анти-киевска пристрасност.

Киев неколку пати ги ограничил активностите на странски и домашни опозициски медиуми во Украина.

Тие во 2015. година објавиле листа на која 115 руски медиуми би можеле да бидат одбиени за акредитацијаод украинските власти.

Тие медиуми се означени како закана за украинската државна безбедност, пренесува Sputnik.

Кога уредбата стапила на сила, на бројни руски новинари им бил забранет влез во земјата, а некои биле депортирани назад во Русија.

No comments

Powered by Blogger.