Вознемирувачко видео: Ова е моментот на вториот напад во Шпанија: Терористи со експлозив сакале да направат масакр

Пишува: Точка

Во пресметка со полицијата, убиени биле пет напаѓачи, од кои некои носеле појаси со експлозив.

Само осум часа по терористичкиот напад во Барселона, во Камбрилс се случил уште еден напад - автомобил влетал во пешаци, а притоа повредени биле седум лица, меѓу кои и полицаец.

Во пресметка со полицијата, убиени биле пет напаѓачи, од кои некои носеле појаси со експлозив.

Весникот "Вангардиа" објавил снимка од релативна близина на драматичниот настан, на кој од далечина се гледаат ротациони светла, се слушаат сирени, а во еден момент се слуша и пукање, по што снимателот бега.

Полицијата наведува дека "работи на хипотезата дека терористите убиени во Камбрилс се поврзани со тоа што се случило во Барселона".

No comments

Powered by Blogger.