Непрепознатлива: Славната пејачка го измамила жирито на шведското талент шоу

Пишува: Точка

Американската поп пејачка Анастасија во последните неколку недели престојува во Шведска каде што го снима својот нов албум. Таа направила вистинско шоу појавувајќи се на шведскиот Идол, претставувајќи се како Габи – девојка со црвена долга коса и различен стил на облекување.

Музичкиот продуцент Андерс Баге ја наговорил пејачката да го промени идентитетот и да настапи како непозната жена со своја песна. Жирито ѝ упатило неколку критики за нејзината трема, која Анастасија успешно успеала да ја одглуми.

Популарната американска пејачка одлучила оваа шега да ја сподели со своите обожаватели на Фејсбук. Погледнете го видеото и видете како жирито реагирало кога таа им се открила.

No comments

Powered by Blogger.