Прогласен најдобриот град за живот во светот

Пишува: Точка

Седма година по ред, Мелбурн е прогласен за најдобар град за живот во светот, додека Сиднеј повторно не влезе во првите десет поради стравувањата од тероризам, се наведува во извештајот на Economist Intelligence Group.

Извештајот рангира 140 градови во светот по следните критериуми: безбедноста, здравствената заштита, културните содржини и заштитата на околината, образованието и инфраструктурата.

Меѓу првите десет на листата се Виена во Австрија, Ванкувер и Калгари во Канада, Аделејд и Перт во Австралија, Оукленд во Нов Зеланд, Хелсинки во Финска и Хамбург во Германија.

Мелбурн, вториот најголем град во Австралија и главен град на државата Викторија, доби највисоки оцени за здравствената заштита, образованието и инфраструктурата.

Градоначалникот Роберт Дојл рекол дека станува збор за големо достигнување со кое сите граѓани треба да се гордеат, но напоменал дека тоа не значи дека градот е совршен.

No comments

Powered by Blogger.